ВИДЕО: Кошаркарите на Струмица загубија на гостувањето кај Еуро Никел

Кошаркарите на Струмица пролетниот дел од Првата кошаркарска лига го отворија со пораз, откако на гостувањето во Кавадарци беа поразени со 89:72 од екипата на Еуро Никел, која беше фаворит за целиот „плен“.

Првата четвртина беше најдобра за домашниот тим која заврши со 28:20 за домашниот тим, а во втората четвртина Струмица пружете поголем отпор, но сепак истата припадна повторно за домаќините со 21:17.

Слична игра имаше и во третата четвртина која заврши со 21:17 за Еуро Никел, додека пак во последната четвртина резултатот беше 20:18 за конечни 89:72.

Еуро Никел дојде со седмиот сезонски триумф и со 19 бодови ја дели четвртата позиција, додека пак Струмица го впиша својот десетти сезонски пораз и со 14 бодови е на дното од табелата.

Во следното коло Струмица на домашен терен против Кожуф ќе брка трет сезонски триумф и со тоа да се обиде да побегне од последното место на табелата.

Comments are closed.