
Истражувачите од Универзитетот во Мексико тврдат дека чувството на лутина не повеќе од половина час дневно е добро за здравјето на луѓето, а особено за мозокот.
Кога се лутиме, постои неврохемиски импулс кој ги стимулира мозочните бранови. Кога нервниот систем е „нагласен“, отчукувањата на срцето и дишењето се забрзуваат.
Во фазата на гнев доаѓа до зголемено производство на допамин, хормон кој го стимулира мозокот и произведува еден вид возбуда во невроните, но и норадреналин/норепинефрин, хормон кој го зголемува крвниот притисок и отчукувањата на срцето.
Гневот, значи, е начинот на кој се активира нашиот мозок, како и некои од нашите внатрешни органи, па затоа и не е толку лош како што мислиме. Научниците сепак објаснуваат дека умереноста во овој случај е многу важна и според нив не треба да се лутиме повеќе од 30 минути дневно.
Во спротивно, може да предизвика спротивен ефект и негативно да влијае на нашето здравје.