
Пијте повеќе вода и ќе живеете подолго, е заклучокот од студијата објавена во медицинското списание Lancet. Утврдено е дека возрасните кои не се доволно хидрирани стареат многу побрзо, па имаат поголем ризик од хронични болести кои можат да доведат до рана смрт.
Истражувачите од американскиот национален институт за здравје ја спровеле студијата во период од 25 години, анализирајќи ги медицинските посети на повеќе од 11.000 возрасни американски лица на возраст меѓу 45 и 66 години, а потоа и нивните последователни посети на возраст од 70 до 90 години. .
„Доказите од нашите и други студии покажуваат дека додавањето на постојана добра хидратација на други избори за здрав начин на живот може да го забави процесот на стареење“, изјави авторката на студијата Наталија Дмитриева за NBC News.
За време на студијата, истражувачите ја следеа хидратацијата на испитаниците со следење колку натриум се наоѓа во нивната крв – колку се повисоки нивоата на натриум, толку помалку беа хидрирани учесниците.
Поединците со повисоко ниво на натриум имале 50 отсто поголеми шанси да покажат знаци на стареење. Тие вклучуваат висок холестерол, крвен притисок и зголемено ниво на шеќер со физички знаци, како што се воспаление на очите и сува кожа.