
Ако сакате да пиете пиво и да уживате во неговиот вкус, но по одредена количина ви се врти вртоглавица, надуеност или чудна стомачна болка, тоа не мора да значи дека сте испиле премногу. Иако пивото има хранлива вредност, неговиот состав и структура не одговараат на сите и може да биде неподносливо за дигестивниот систем.
Кога пиете нормална количина пиво и ги чувствувате овие симптоми, веројатно сте нетолерантни на јачмен, хмељ или квасец, пренесува Индекс.
Доколку чувствувате подуеност кога пиете пиво, а често добивате и дијареа, јасно е дека вашето тело не може да го толерира популарниот пијалок и неговиот состав не ви одговара.
Генерално, доколку се храните здраво и немате други проблеми поврзани со дигестивниот систем, а по пиењето пиво чувствувате непријатни симптоми, тогаш речиси сигурно станува збор за нетолеранција на пивото и неговиот состав.