
Беласица пред два дена ги започна подготовките за пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига, а денес ги претстави првите две зимски засилувања, интересно е тоа што и двете засилувања се на голманската позиција.
Беласица на голот го враќа Иван Николоски, а дополнително на голманската позиција „струмичката гордост“ се засилува и со младиот голман Ѓорги Трајков. Двајцата веќе тренираат со Беласица и го одработија првиот тренинг.
Шефот на стручниот штаб Благој Гуцев на првата прозивка пред два дена на располагање имаше 25 фудбалери, во следните денови ќе бидат промовирани нови засилување во тимот на Беласица.
Подготовките ќе се одработат во Струмица, а закажени се и пет пријателски натпревари против екипите на Кожуф, Септември Симитли и Беласица Петрич од Бугарија, како и Академија Пандев и „генералката“ со Брегалница во Штип.
Беласица есенскиот дел го заврши на деветтото место на табелата со 20 бодови, а пролетниот дел го отвара на домашен терен против Детонит Плачковица.