
Постојат многу причини зошто треба да се избегнува прекумерното консумирање алкохол, а една од нив е особено штетна бидејќи го забрзува стареењето на мозокот.
Во истражувањето учествувале 20.965 учесници чија просечна возраст била 55 години. 2,7 отсто од нив не конзумирале алкохол, додека останатите во просек пиеле повеќе од седум чаши алкохол неделно. Докажано е дека тоа може да биде опасно по здравјето.
„Ако консумирате повеќе од седум чаши алкохол неделно, железото ќе се акумулира во вашиот мозок, што лошо влијае на вашите когнитивни способности“, вели докторката Ања Топивала.
Докторката Ема Лејнг потоа додаде дека мозокот е многу чувствителен на зголемено ниво на железо.
„Абнормално високите нивоа на железо во мозокот се поврзани со оксидативниот стрес, што доведува до побрзо оштетување и смрт на нервните клетки, што во суштина го забрзува стареењето на мозокот“, објасни таа.
Експертите ги советуваат луѓето да пијат една или две чаши вода со секоја чаша алкохол за да го одржат мозокот здрав. Секако, најбезбедна опција е да се префрлите на безалкохолно пиво и слични производи, на кои многу луѓе тешко се навикнуваат.