Пијалоци кои можат да ви помогнат да го намалите салото од стомакот

Доколку сте во процес на слабеење и сакате што побрзо да се ослободите од салото од стомакот, одредени пијалоци навистина можат да ви помогнат.

Желбата за слатки може да не натера да купуваме нездрави грицки, ултра-обработена храна или газирани пијалоци. Смутито е еден од пијалоците кои ќе бидат здрави за вашето тело. Направете го со омиленото овошје и млеко од јаткасти плодови. На овој начин ќе го контролирате внесот на состојки, ќе ја намалите потрошувачката на додаден шеќер, а сепак ќе ја задоволите желбата за слатки.

Почнете да пиете зелен чај кој ќе биде корисен во процесот на слабеење. Содржи кофеин и катехини, кои се биоактивни растителни соединенија.

“Тие учествуваат во подобрувањето на согорувањето на мастите. Се разбира, тоа не може магично да го реши вашиот проблем, но ако го комбинирате со редовно вежбање, ќе забележите позитивна промена”, вели нутриционистката Рејчел Дакман за списанието Eat This, Not That.

Истражувањето објавено во Журналот за функционална храна покажа дека луѓето кои пиеле зелен чај изгубиле значително количество висцерална маснотија во период од 12 недели во споредба со контролната група која не пиела чај.

Ако не ви се допаѓа вкусот на зелениот чај, постои уште една здрава опција – црниот чај. Богат е со природни флавоноиди, кои се добри за срцето и го намалуваат крвниот притисок. Тие исто така ги намалуваат мастите во стомакот. Студијата на Food & Function од 2014 година го спореди пиењето црн чај со пијалоци кои содржат кофеин. Резултатите покажале дека луѓето кои три месеци пиеле три шолји црн чај секој ден изгубиле повеќе сантиметри од половината од оние кои пиеле кофеински пијалок.

Comments are closed.