Луѓето денес водат љубов поретко отколку пред 30 години, а експертите не се сигурни зошто

ФОТО: 4 PM production / Shutterstock

Живееме во свет во кој за сексот се зборува јавно повеќе од кога било, забавната индустрија се потпира на нашите сексуални инстинкти при креирањето на својата содржина, а масовно користените апликации за запознавање првенствено се наменети за пронаоѓање сексуален партнер. Како е можно во оваа атмосфера луѓето да водат љубов поретко отколку пред три децении?

Доколку сте скептични во врска со ова тврдење, ќе ви кажеме дека зад него стојат веродостојни истражувања од многу земји. Истражувањето од Велика Британија, спроведено во текот на три децении, покажало дека во 1991 година луѓето имале секс пет пати месечно, во 2001 година таа бројка паднала на четири, а во 2012 година во просек имале секс три пати месечно.

Еден од авторите на студијата, Соазиг Клифтон, за изненадувачките резултати од истражувањето изјави: „Ако погледнете низ светот, и други студии покажуваат пад на зачестеноста на водење љубов. Така што тоа е веќе вистински меѓународен тренд“.

Германските истражувачи забележале сличен пад на сексуалната активност од 2005 до 2020 година, наведувајќи го намалениот број на луѓе кои живеат со партнер како причина, пишува Мис 7.

Според истражувањето спроведено во САД во 2009 година, 79 отсто од тинејџерите на возраст меѓу 14 и 17 години немале сексуални односи во претходната година, додека овој процент се зголемил на 89 отсто во истото истражување спроведено десет години подоцна.

Многумина сметаат дека причината за падот на сексуалната активност лежи во зголемената популарност на онлајн видео игрите, како и социјалните мрежи, но за тоа нема цврсти докази.

Соазиг Клифтон истакна дека на луѓето денес им е полесно да зборуваат за секс во споредба со периодот од 90-тите. „Можеби луѓето се послободни да кажат дека немаат секс“, објасни тој. Ова би можело да биде едно од објаснувањата за изненадувачките резултати од истражувањето.

Сепак, не станува збор дека постои очигледен тренд. Тоа беше потврдено од друга студија, овој пат во која учествуваа средовечни жени. Излезе дека тие се повеќе уморни за сексуални односи бидејќи „им се случуваат премногу други работи во нивниот живот“, односно немаат време да размислуваат за секс.

Но, иако работата може да значи помалку секс, за време на пандемијата и периодот на карантин, кога повеќе луѓе поминуваа време дома, резултатите сè уште не беа значително различни. Студијата спроведена за време на пандемијата покажа дека кај луѓето кои живееле со партнер, бројот на сексуални односи останал ист како и пред затворањето, а падот на бројот на сексуални односи и незадоволството биле особено нагласени кај оние кои живееле одвоено од нивните партнери, особено меѓу младите.

Клифтон вели дека има и такви кои би сакале да имаат повеќе секс, но поголемиот дел од испитаниците кои немале секс во претходната година всушност не биле незадоволни од својот сексуален живот. Згора на тоа, излегува дека за паровите поважен е квалитетот, а не квантитетот на сексуалните односи. На пример, дури 25 отсто од жените и мажите во врска изјавиле дека немаат ист интерес за секс како нивниот партнер.

Меѓутоа, откако ќе бидат објавени резултатите од ваквото и слично истражување, луѓето не треба да очајуваат. Повеќе се препорачува да работат на пронаоѓање на вистинската љубов, а ако веќе ја имаат да им го разубават заедничкиот живот, а кога се ќе биде во ред на емотивен план ќе дојде и сексот, а не само што ќе биде почест, но и подобро за двајцата партнери.

Comments are closed.