Зачин кој се смета за еден од најздравите може да предизвика оштетување на црниот дроб, вели една неодамнешна студија

ФОТО: Shutterstock

Куркумата е еден од најпознатите зачини во светот. Можете да ја консумирате на различни начини, а само мала количина од оваа билка е доволна за збогатување на вкусот на вашите салати, сосови, супи или чорби.

Сепак, иако има долга историја на употреба во исхраната и се споменува како зачин со лековити својства, куркумата може негативно да влијае на здравјето на црниот дроб, пишува Eatthis.

Научниците спровеле десетгодишно истражување во кое откриле 16 случаи на оштетување на црниот дроб поврзани со куркума, кои биле карактеризирани како умерени до тешки.

Исто така, д-р Пол Куо, директор за хепатологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд, рече дека има малку истражувања за интеракциите не само помеѓу додатоците во исхраната и лековите на рецепт, туку и помеѓу различните состојки во додатоците. Фармацевтите проверуваат дали има интеракции помеѓу различни лекови, како што се антибиотици и лекови за крвен притисок, но научниците обично не ги документираат суплементите што луѓето ги земаат, изјави д-р Куо за Инсајдер.

Покрај оваа студија, имаше уште неколку случаи кај возрасни во кои истражувачите ја оценија потрошувачката на куркума како потенцијално штетна за црниот дроб. Со оглед на резултатите, научниците најавија дека ќе продолжат со истражувањето и ќе откријат зошто куркумата предизвикува здравствени проблеми.

Иако наодите од оваа студија може да изгледаат маргинални, склоноста на куркумата на крајот да предизвика оштетување на црниот дроб не може да се отфрли, пишува Eatthis, цитирајќи два одделни случаи објавени во International Medical Case Reports Journal во 2021 година.

Comments are closed.