Астраион в недела домаќин на Голден Арт

В недела во меч од 11. коло од Првата машка ракометна лига – Група Б, ракометарите на Астраион на домашен терен ќе ги одмерат силите со втората екипа на Голден Арт.

Гостите од Скопје ќе ја имаат улогата на благ фаворит пред се поради поголемиот квалитет и форма, во однос на младата екипа на Астраион. Голдер Арт по 10 одиграни кола има 18 бодови и се наоѓа на третото место на табелата, со бод негатив во однос на лидерот Аеродром, но и со меч помалку.

Астраион е на петото место на табелата со 9 бодови и трите бодови за нив ќе значат многу во борбата за што подобар пласман на табелата.

Натпреварот се игра в недела во Спортската сала „Парк“ со почеток од 16:00 часот, а судисска двојка ќе биде Божидар Јованов и Пепи Димков од Велес, додека пак делегат на мечот ќе бие Ѓорѓи Дучков од Гевгелија.

Comments are closed.