Фудбалерките на Тиверија гостуваат во Струга на дерби против АСС Унитед

Фудбалерките на Тиверија Струмица во рамки на 10. коло од Првата женска фудбалска лига ќе гостуваат во Струга, каде ќе ги одмерат силите со екипата на АСС Унитед.

Дербито во Струга ќе биде важно и за двете екипи, трите бодови се повеќе од важни и за стружанки и за струмичанки. По девет одиграни кола Тиверија ја дели втората позиција на табелата со Саса со по 21 освоен бод, пред лидерот Љуботен кој има 24 бодови, додека пак АСС Унитед е на четвротот место со 16 бодови.

Теренот ќе биде предност за АСС Унитед, додека пак формата и големата победа во дербито над Саса ќе биде повеќе од голем мотив за нова голема победа на Тиверија.

Натпреварот се игра на игралиштето на ФК Влазними во Струга со почеток во 12:00 часот, а главен судија ќе биде Кирил Смоквоски од Прилеп.

Comments are closed.