Беласица домаќи на Кожуф во Струмица

ФОТО: ФК Воска Спорт | АРХИВА

Беласица во рамките на 13. коло од Втората македонска фудбалска лига на домашен терен, ќе игра против екипата на Кожуф од Гевгелија.

Натпреварот е закажан за в сабота со почеток од 13 часот на „Благој Истатов“ во Струмица, во меч каде трите бодови се императив и за двете страни, но струмичките фудбалери ќе ја имаат улогата на фаворит.

Беласица на последните пет натпревари игра во променлива форма, и со 16 бодови се наоѓа на осмата позиција на табелата. Репрезентативната пауза беше добредојдена со повеќе екипи, со цел на последните три натпревари да бидат собрани максималните девет бодови.

Беласица на последните пет натпревари загуби од Воска (1:3) и Пелистер (1:0), триумфираше над Слога Виница (1:2) и Тетекс (4:0), а пак со Вардар ремизираше играјќи 1:1.

Убедливиот триумф од 4:0 над Тетекс и ремито со Вардар (1:1) се силен мотив Беласица да бара три бода и продолжување на позитивните резултати и против Кожуф, за што подобар пласман во есенската полусезона.

Кожуф е на 10-тото место на табелата со 14 бодови, а по тренерската смена во Гевгелија, овој второлигаш направи прогрес и собра важни бодови со цел сигурен и директен опстанок во Втора лига.

Јосип Бартон од Скопје ќе ја дели правдата на овој меч.

Comments are closed.