ФОТО: Симулациона вежба за евакуација при земјотрес и пожар во интернатот на СОУУД „Димитар Влахов“ во Струмица

Вчера Домот за сместување на ученици при СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица, во организација на Црвен крст Струмица, се одржа симулациона вежба со вработените и учениците во училиштето за подготвеност за дејствување при катастрофи и елементарни непогоди, при земјотрес и пропратен пожар.

„На вежбата зедоа учество околу 60 лица сместени во ученичкиот дом и 6 вработени, како и претставници од ДЗС Струмица и РЦУК Струмица, и 5 припадници на ТППЕ Струмица. Од страна на двајца млади волонтери на Црвен крст Струмица сместени во домот, кои се обучени за давање на прва помош, според сценариото дадоа прва помош на еден повреден. Со одвивањето на вежбите се остварува целта да се унапреди и развие програмата и соработката со другите институции кои се во системот. И понатаму ќе се продолжи со одржувањето на овие симулациски вежби како дел од редовните активности на програмата за одговор при катастрофи и елементарни непогоди и развојот на соработката со средните и основните училишта во регионот“, велат од ОО Црвен крст – Струмица.

Comments are closed.