Доделување на сертификати на лични асистенти на лица со попреченост

На 7. ноевмри заврши обуката за „Личен асистент на лица со попреченост“. Обуката успешно ја завршија 12 кандидати од општините Струмица и Радовиш. Проверката на знаења на кандидатите се реализираше на 4. ноември (писмен дел) и устен дел на 7. ноември пред стручна комисија за верификација на стекнатите знаења.

„На проверката и закажаниот термин се појавија сите 12 кандидати. Учесниците во програмата се оспособија да ја планираат, подготвуваат и организираат сопствената работа самостојно, во домот на корсникот, на работно место, во заедницата и во образовниот процес. По завршувањето на обуката се стекнаа со верифицирани сертификати кои им беа доделени во просториите на Општинската организација Црвен крст – Струмица“, велат од ОО Црвен крст – Струмица.

Comments are closed.