ОО Црвен крст Струмица успешно организираше крводарителска акција со вработените од УЈП – Струмица

ФОТО: Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Струмица

Денес Општинската организација на Црвен крст Струмица во соработка со Службата за Трансфузиона Медицина организираше крводарителска акција со вработените од УЈП – Струмица. Акцијата се одржа во просториите на Трансфузиона медицина Струмица од 09:00 до 14:00 часот. Крв даруваа 35 крводарители.

ФОТО: Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Струмица

„Со крводарителските акции ја реализираме нашата заложба за заштита на животната средина. Ситните подароци кои ги добиваат крводарителите се во насока на намалување на користењето на амбалажата за еднократна употреба“, велат од ОО Црвен крст – Струмица.

Comments are closed.