Од полноќ поевтинуваат бензините

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на Република Северна Македонија, денес донесе Одлука со која од полноќ цената на бензините ќе се намалат за два денари по литар.

Цените на дизелот, екстра лесното масло за домаќинство и мазутот остануваат со иста цена.

  • Од 24.11.2022 година од 00:01 часот максималните цеин на нафтените деривати ќе изнесуваат:
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 90,00 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 85,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 43,046 (денари/килограм)

Comments are closed.