Зошто имаме зголемен апетит во текот на есента?

Дојде ноември… По топлите и сончеви денови, поместувањето на часовникот за еден час наназад и свежите утра и вечери, на многумина од нас им е тешко. Време е за слоевито облекување, потемелна нега и промени во исхраната. Ако овие денови чувствувате зголемен апетит, не грижете се, тоа е само знак дека доаѓа зимата.

Студијата објавена во European Journal of Clinical Nutrition ги следела навиките во исхраната на 600 луѓе во текот на годината, а резултатите покажале дека есента е сезоната во која испитаниците консумирале најмногу масна и калорична храна. Во бројки би изгледало вака – 90 калории повеќе дневно во однос на пролетта, а потребата за храна го достигнала својот врв во ноември. Во следните редови ќе дознаете зошто.

  1. Се чувствуваме тажни

Во текот на ноември сончевата светлина е се помала, а чувството на празнина расте. Сега на сите им е јасно дека летото заврши, сезоната на дождови започнува, а деновите се скратуваат. Тоа нè прави меланхолични и често се насочуваме кон храната како моментална и најбрза утеха.

  1. Храната не одржува топло

Според истражувањето објавено во списанието Biochemistry, со доаѓањето на постудените месеци производството на топлина станува приоритет на организмот. Телото испраќа сигнали до мозокот дека му треба повеќе масна храна за да се загрее. Меѓутоа, кога собите во кои престојуваме се топли и помалку време поминуваме на отворено, со конзумирање на калорична храна покрај загревањето создаваме и масни наслаги.

  1. Под поголем стрес сме

Кога долгите, сончеви денови им го отстапуваат местото на облачните и мрачните денови на кои не им се гледа крајот, пролетта изгледа толку далечна. Покрај тоа, работата е во полн ек и ние сме под поголем стрес. Токму во моментите кога попуштаме, на сцена стапува храната и ни пружа олеснување.

Кои се решенијата?

За почеток, слушајте се себеси. Ако се чувствувате нервозни и ви се зголемува апетитот, побарајте храна која го задоволува гладот, но прави да се чувствувате посити подолго време. Дополнително, вклучете физичка активност во вашата дневна рутина за да го зајакнете метаболизмот. Почестете се одвреме-навреме, но не правете го тоа навика, бидејќи летото е поблиску отколку што мислите…

Comments are closed.