Научна студија покажа дека прекувремената работа доведува до побрзо ќелавост

Ќелавоста на Двејн Џонсон, Џејсон Статам и Брус Вилис не ги спречи да станат ѕвезди од акционите филмови и секс симболи. Повеќето мажи уживаат да ги гледаат на малите и големите екрани, но ретко кој од нив се радува на неизбежното опаѓање на косата кое го очекува со годините.

Веруваме дека новата вест дека прекувремената работа доведува до побрзо ќелавост сигурно нема да ги израдува. Имено, истражувачите од Јужна Кореја откриле дека мажите кои работат 52 часа неделно ја губат косата двојно побрзо од оние кои поминале не повеќе од 40 часа на работа.

Тие изјавија дека стресот е главната причина за оваа појава. Кога луѓето работат десет часа на ден пет или шест дена во неделата, тие значително повеќе се нервираат од другите луѓе кои работат само од девет до пет, од понеделник до петок. Спијат и помалку, што заедно со поголемото количество на стрес доведува до лачење на хормони кои треба да го компензираат слабеењето на имунитетот во вакви ситуации. Меѓутоа, проблемот е во тоа што истите овие хормони влијаат на растот и опаѓањето на косата.

Еден од авторите на студијата, Кјунг Хан-Сон, рече дека државите треба да донесат законско работно време и да ги охрабрат работодавците да ја елиминираат или ограничат прекувремената работа и работата за време на викендот. Тој исто така истакна дека младите мажи во дваесеттите и триесеттите се особено ризична група кога станува збор за ќелавост, па затоа е важно да се грижат за начинот на живот и помалку да работат, се разбира, само доколку се грижат за зачувување на косата.

Comments are closed.