ФОТО: Премиерот Ковачевски на средба со градоналачникот Костадинов

Премиерот Димитар Ковачевски денеска пристигна во Струмица, каде вечерва се одржува граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“, која ќе се одржува во Спортската сала „Парк“ во Струмица со почеток од 20 часот.

Премиерот Ковачевски оствари работна средба со градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов во кабинетот на градоначалникот.

На средбата се разговарало за функционирањето на општина Струмица, за реализацијата на планираните проекти, на што Костадинов додаде дека со гордост му потврдил на премиерот Ковачевски дека во Струмица, успешно се реализраат ветувањата дадени пред граѓаните со добро менаџирање и многу работа.

„Убав ден за мене, убав ден за Струмица. Многу гости ќе пречекаме и нашите проекти ќе им ги покажеме. Првото срдечно добредојде во мојот кабинет му го посакав на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. Разговаравме за функционирањето на Општината, за реализацијата на планираните проекти и со гордост му потврдив дека и во време на криза, овде во Струмица, успешно ги реализираме ветувањата дадени пред граѓаните, со добро менаџирање и многу работа. Секако, му се заблагодарив и за владината поддршка којашто ја имаме и ќе ни биде потребна и понатаму, затоа што ние сме амбициозна Општина со големи планови за нејзиниот прогрес. По средбата во кабинетот, се упативме кон новата детска градинка „Виножито“, таа денеска е нашата радост и гордост“, рече Костадинов.

Comments are closed.