Граѓанска трибина „Силно и одлучно кон иднината“ – утре во Спортската сала „Парк“ со почеток од 20 часот

Утре во Спортската сала „Парк“ во Струмица со почеток од 20:00 часот, ќе се одржи граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“.

На истата говорници ќе бидат премиерот Димитар Ковачевски, градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов и претседателот на ОО СДСМ Струмица, Борче Цветков.

„Граѓанска трибина ”Силно и одлучно кон иднината” каде заедно со граѓаните отворено ќе разговараме за мерките и политиките на СДСМ, за нашата визија за иднината на државата“, вели Цветков.

На трибината ќе се зборува за сите мерки и активности кои ги презема СДСМ за подобрување на животот на граѓаните, како и визијата за подобра држава.

Comments are closed.