Костадинов: На моја иницијатива, а пред кроењето на буџетот за 2023 година, ги започнавме јавните собири со граѓаните од урбаните и месните заедници

Од синоќа започнаа јавните собири на граѓаните од урбаните и месните заедници за кроењето на буџетот на општина Струмица за 2023 година.

„Ветив и потврдив, ќе работиме транспарентно и отчетно и ќе ја развиваме Струмица по мерка на граѓаните. На моја иницијатива, а пред кроењето на буџетот за 2023 година, ги започнавме јавните собири со граѓаните од урбаните и месните заедници. Вечерва со мојот тим, членови на Советот, директори и претставници на општинските јавни претпријатија, одржавме собир со претставници на граѓаните од сите 8 урбани заедници во градот. Разговаравме за сработеното во оваа буџетска година, за актуелните проблеми и приоритетите за наредната година“, рече градоначалникот Костадин Костадинов.

Comments are closed.