
Горан Пандев и официјално заминува во играчка пензија, тоа го соопшти во интервјуто за „Газета дело Спорт“. Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов за Пандев вели дека е најголемиот амбасадор на Македонија, најголемиот промотор на Струмица.
„Ден кој буди емоции кај секој Македонец, особено кај нас струмичаните. Најголемиот амбасадор на Македонија, најголемиот промотор на Струмица. Легендата која пред светот со гордост говореше за Струмица, човек кој го достигна врвот за кој многу сонуваат, а остана сепак човек, скромен и спремен да помага. Горане како струмичанец ти благодарам за се“, вели Костадинов.