Фудбалерките на Тиверија Струмица гостуваат во Прилеп кај екипата на Деспина

АРХИВА

Фудбалерките на Тиверија Струмица во рамки на 3. коло од Првата женска фудбалска лига ќе гостуваат во Прилеп каде ќе се соочат со екипата на Деспина.

Овој меч ќе биде дерби-дуел за трите бодови кои се многу важни и за двете екипи, кои на стартот од новата сезона имаат по една победа и еден пораз или вкупно по три освоени бодови.

Натпреварот ќе се одигра на Игралиштето со вештачка трева во Прилеп со почеток од 15:00 часот в сабота.

Главен судија на мечот кој ќе ја дели правдата ќе биде Беса Леши од Струга, а ќе и помагаат Марио Мојсоски и Климент Ристоски, исто така од Струга.

Comments are closed.