На денешен ден – 22. септември

На денешен ден 22. септември 1961 година во Струмица е роден Лазар Партиков.

Основно и средно образование завршил во Струмица. Дипломирал на Филолошкиот факултет, на групата Јужнословенска литература и македонски јазик.

По завршување на студиите извесно време, работел во ОУ,,11 Октомври Урвич, каде што предавал Македонски и Српско-хрватски јазик на децата од подрачното училиште во Јеловане. На 1.09.1991 година стапил во редовен работен однос во ОУ „Маршал Тито“ во Струмица, како наставник по Македонски јазик во подрачните училишта во селата Мемешли и Орманли. Од 1998 година е наставник во ООУ,,Даме Груев” во Куклиш, каде што работи и денес.

Своите книжевни обиди ги прави на свој блог на интернет, а како резултат на тоа се и двете негови збирки раскази:

  • Жива душа, 2011 година
  • И јас го видов Тито, 2012 година

Comments are closed.