Дизелот поскапува за 1,5 денар, цените на бензините остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денес донесе Одлука со која од ноќеска на полноќ, дизелот поскапува за 1,5 денари, додека пак цената на бензините останува иста.

Со новата Одлука на РКЕ цената на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 0,5 денари, а пак мазуотот поскапува за 0,503 денари.

Цени од ноќеска на полноќ (02. авугст – 00:01):

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 95,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 98,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 95,50 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 94,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 53,343 (денари/килограм)

Comments are closed.