Победа со „генералка“ против Академија Пандев во Струмица

Македонските фудбалски прволигаши викендов ќе го искористат за одигрување на последните контролни натпревари пред стартот на новата сезона од Првата македонска фудбалска лига следниот викенд.

Повратниот во Првата лига прилепска Победа „генералката“ ја закажа против Академија Пандев, меч кој ќе се игра од 18 часот на теренот на СЦ „Пандев“. Дуелот со минатогодишниот вицешампион и наш претставник во УЕФА лигата е последниот филтер Стручниот штаб на чело со тренерот Бобан Бабунски да ги дефинира најдобрите 11-мина за премиерниот меч за бодови во новата сезона следниот викенд на гостувањето покрај Охридското Езеро против Струга Трим Љум.

„Пандевци“ новата сезона од ПМФЛ ќе ја стартуваат во Струмица против штипска Брегалница.

Comments are closed.