„Get EXITed“ забавата пристигнува во Струмица

„Get EXITed“ забавата пристигнува во Струмица! Големиот еднодневен настан, во организација на тимот на ЕГЗИТ Фестивалот и во соработка со градот Струмица, ќе биде одржан во среда, 7 септември со настапи на познати интернационални и регионални музички ѕвезди. Целата листа на изведувачи и местото на одржување ќе бидат објавени наскоро, како и почетокот на продажбата на првиот контингент влезници.

Единствениот концепт на „Get EXITed“ музичкиот настан беше претставен на денешната прес-конференција во Струмица, на која пред бројните насобрани медиуми се обратија градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и претставници на ЕГЗИТ.

„Get EXITed’ пристигнува на 7 септември во Струмица! Ветуваме многу дружење, добра музика и убави изнанадувања. Ги повикувам сите народи на Балканот да дојдат во Струмица, за заедно да започнеме едно убаво и големо поглавје на нашиот отворен Балкан“ – изјави по овој повод градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов.

„Од самото основање на ЕГЗИТ постои голема врска помеѓу Македонија и нашиот фестивал, која ја одржуваме веќе две децении, а сега е време и ние да свратиме кај вас! Бидејќи врските помеѓу нашите земји се нераскинливи, токму поради историјата и заедничката култура, многу ни е драго што во семејството на ЕГЗИТ-настаните конечно ни се придружува и Македонија, а почетокот на оваа соработка е токму големиот Get EXITed музички настан во септември во Струмица.

Една од основните визии на овој проект е вовед во креиреањето на новиот македонски фестивал следната година, кој ќе стане нова важна туристичка атракција на Балканот. Но во овој момент фокусот ни е на големата Get EXITed журка. Многу сме возбудени што конечно ќе се собереме со нашата македонска екипа“ – порачаа од тимот на ЕГЗИТ.

Comments are closed.