ФОТО: Изгорениот и уништен објект на поранешниот Дом на културата во селото Куклиш, се враќа во функција

Изгорениот и уништен објект на поранешниот Дом на културата во селото Куклиш, се враќа во функција.Министерството за локална самоуправа заедно со Општина Струмица, на иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов во сооднос 50% – 50%, оваа година ќе инвестираат 8 милиони денари за обновување на Домот на културата во Куклиш.

Со реализација на првата фаза од реконструкцијата на објектот се прави првиот чекор на враќање на културата и културните настани и во руралните средини во Струмица.

Comments are closed.