
Одржана дисеминација на ученици од средното медицинско училиште „Димитар влахов“ – Струмица.
„Обучениот десиминатор Гордана Чапанова денес, пред учениците од СОУ „Димитар Влахов“Струмица одржа предавање за основните принципи, специфични идеи и хумани вредности на Црвениот крст и Црвената полумесечина. На оваа интерактивно предавање учениците покажаа особен интерес и желба за понатамошно активно учество во социјалниот и хуманиот аспект на животот во заедницата“, велат од ОО Црвен крст – Струмица.

Дисеминацијата е една од приоритетните цели на Црвениот крст и обврска со цел градење на силен капацитет на волонтерска мрежа во заедницата во која опстојува.

