На денешен ден – 23 јуни

На денешен ден 23 јуни 1934 година во Струмица е роден Благој Јанев – стоматолог, специјалист, примариус.

Дипломирал на Стоматолошкиот Факултет во Белград (1962);
специјализирал детска и превентивна стоматологија во Скопје (1976).

Примариус е од 1986 година. Бил шеф на Одделот за детска и превентивна стоматолошка заштита; началник на Стоматолошка служба; директор на Основна здравствена заштита на Медицински центар; претседател на ОК на ССРНМ и на АКУД „Боро Џони“ од Струмица.

Автор е на повеќе стручни трудови од областа на стоматологијата („Етиолошки фактори на хипертрофичен гингивит кај школската младина во Струмица“, „Генетски истражувања на наследните структурални промени на емајлот на забите“ и други.)

Добитник е на Орден заслуги за народот со сребрена ѕвезда (1987); благодарница од Сојузот на здруженијата на лекарите на Македонија (1985); диплома од Шестиот (1976) и признание од Седмиот конгрес на стоматолозите на поранешна Југославија (1980) и др.

Извор: Библиотека Благој Јанков Мучето Струмица

Comments are closed.