Возач на мопед тешко повреден во сообраќајка на локалниот пат од с.Нова Маала кон с.Чанаклија, струмичко

На 22.06.2022 во 10.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локалниот пат од с.Нова Маала кон с.Чанаклија, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед без регистарски ознаки, управуван од Г.О.(63) од с.Чанаклија и патничко моторно возило „фолксваген фолф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(39) од Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот Г.О. кои му биле констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

Comments are closed.