Зошто е важно да си легнете пред полноќ?

ФОТО: Pinterest

Ако често се чувствувате уморни или исцрпени, тоа може да биде поврзано со времето кога одите на спиење. Часовите пред полноќ се многу драгоцени за нашето тело, како што се претпоставува поради ноќната промена на светлината. Д-р Нерина Рамлакан во интервју за магазинот Stylist откри дека секоја клетка од нашиот организам реагира на движењето на Земјата и Месечината. Научно е докажано дека постои одредена синхроничност. Во мозокот постои дел кој го одредува деноноќниот ритам, а тој е одговорен за усогласување на телото и количината на светлина и темнина што не опкружуваат. Затоа, кога осветлувањето ќе се изгасне, пораката стигнува до епифизата и клетките ја координираат својата работа во согласност со неа.

Со други зборови, нашиот деноноќен ритам влијае на важни аспекти на телото, како што се крвниот притисок, терморегулацијата и секрецијата на хормоните. Според тоа, д-р Рамлакан ги советуваше сите читатели кога е оптималното време за легнување за да можеме да се чувствуваме одморени и енергични следниот ден. Тајната се крие во последните 90 минути пред полноќ, бидејќи тогаш телото најдобро ќе може да ги наполни батериите. Во тој период клетките се подмладуваат, а тоа се одразува на нашата физичка, ментална, емоционална, па дури и духовна состојба. Има нешто лековито во оваа навика, а тоа е првата фаза од спиењето. На крајот докторот го сподели следново, мозокот потоа ги извршува потребните функции и ги препакува информациите, а истовремено се намалува нивото на адреналин, а со тоа и насобраниот стрес.

Comments are closed.