Зошто имаме повеќе главоболки во текот на летото?

ФОТО: Profimedia

Денешниот дождлив ден на многумина им донесе олеснување, но многумина се жалат и на главоболки.

Без разлика на промената на времето, летото според истражувањата е период кога луѓето почесто се жалат на главоболки.

Еден од главните предизвикувачи за главоболка се смета дека е недостатокот на течности, а бидејќи ни требаат повеќе течности редовно во лето поради високите температури и зголеменото потење, соодветната хидратација би можела да биде решение и за вас.

Но, не е само недостатокот на течности виновен за честите главоболки. Има и други фактори, па ако се препознаете во некој од нив, тогаш знајте дека дефинитивно има подобар лек за главоболка за вас од апчиња и одмор.

На пример, ако прескокнувате оброци, особено појадок, ако премногу гледате на екранот, ако сте често под стрес и не спиете доволно… Сето тоа се јасни знаци дека вашето тело страда и дека ви покажува главоболка.

Затоа, доколку сте склони кон чести главоболки, променете го утринскиот режим.

Задолжително појадувајте обилно и понесете шише обична вода со вас на работа и насекаде. Добриот утрински оброк ќе ве држи сити подолго време и ќе имате повеќе енергија за подобро да се справувате со секојдневниот стрес, а со тоа ќе ја спречите појавата на главоболки во попладневните часови.

И задолжително легнете малку порано, за добро да се одморат телото и главата за да можете правилно да функционирате наутро, пишува Индекс.

Comments are closed.