ОО Црвен крст – Струмица организира граѓанска крводарителска акција за среда (29. јуни)

На ден 29. јуни (среда) ОО Црвен крст – Струмица во соработка со Службата за Трансфузиона медицина организира граѓанска крводарителска акција.

„Акцијата ќе се одржи во просториите на Службата за Трансфузиона медицина од 09:00 часот до 14:00 часот. Да напоменеме дека крводарувањето не е поврзано со Ковид-19 и е сосема безбедно. Да бидеме хумани за оние на кои им е најпотребно. Ги замолуваме крводарителите кои ќе даруваат крв да ги почитуваат препораките за самозаштита на Министерството за Здравство“, велат од ОО Црвен крст – Струмица.

Comments are closed.