Цените на горивата остануваат исти, од ноќеска само мазутот поефтин

Со последната Одлука на Регулаторната комисија за енергетика, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, а Мазутот М-1 НС поевтинува за 1,447 денари по килограм и сега ќе изнесува 55,291 денари.

Од ноќеска на полноќ (23.06.2022 – 00:01) цени:

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 110,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 112,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 110,00 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 107,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 55,291 (денари/килограм)

Comments are closed.