Академија Пандев поразена во дербито со шампионот Шкупи

ФОТО: ФК Академија Пандев

Денес беа одиграни натпреварите од последното 33. коло на Првата македонска фудбалска лига.

Шкупи е нов шампион, а пак Академија Пандев која сезоната ја заврши на второто место, како и Шкендија која заврши на третото место, обезбедија квалификации за Конференциската лига на УЕФА.

Во баражот за опстанок во Прва лига ќе се борат Тиквеш и Скопје, додека пак нови второлигаши се Пелистер и Борец.

Новиот шампион Шкупи со убедлива победа од 3:0 над Академија Пандев на Чаир ја затвори сезоната. Кристијан Трапановски беше двоен стрелец, а третиот гол беше дело на Анид Абази.

Comments are closed.