Академија Пандев на дерби против новиот шампион Шкупи

Фудбалерите на Академија Пандев денес го играат последниот натпревар од Првата македонска фудбалска лига. „Пандевци“ ќе гостуваат на Чаир каде ќе ги одмерат силите со новиот шампион Шкупи.

Без разлика на резултатот од денешниот натпревар Академија Пандев сезоната ќе ја заврши на високото второ место на табелата и веќе има обезбедно излез во Европа, односно во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Натпреварот ќе стартува во 17:00 часот, а правдата ќе ја дели Игор Иванов од Велес.

Comments are closed.