Делегација од Струмица предводена од градоначалникот Костадинов во посета на Турција

Делегација од општина Струмица предводена од градоначалникот Костадин Костадинов престојува во работна посета на неколку општини во Турција. Вчера остварија средби со градоначалникот на општина Чигли, Утку Гумрукчу и Кајмакамот Аднан Чакироглу.

На средбите разговараа за актуелните состојби во општините, нивниот развој, досегашната соработка во образованието и културата и нејзино проширување во економијата.

Comments are closed.