Беласица во Гевгелија против Кожуф во битка за бараж за Прва лига

Беласица денес го игра последниот натпревар од Втора лига – Исток. Струмичани денес гостуваат во Гевгелија каде ќе ги одмерат силите против Кожуф во битката за баражот за Првата македонска фудбалска лига.

Само триумф е во опција за струмичките фудбалери доколку сакаат да го обезбедат второто место и со тоа играат бараж за Прва лига.

Победа е нов прволигаш откако минатото коло го обезбеди првото место, а прилепчани денес ќе гостуваат во Виница каде ќе играат против Слога 1934, која сака триумф над Победа, но и позитивни вести од Гевгелија како би можела да игра бараж за историско учество во Прва лига. Од таа причина, Беласица денес мора да триумфира во Гевгелија со цел да не чека исход од дербито во Виница.

Натпреварот ќе стартува во 17:00 часот, а главен судија ќе биде Фатмир Бафто од Охрид, а ќе му помагаат Зоран Ангелов од Неготино и Владимит Митревски од Битола. За четврт судија е делегиран Мишо Ѓпрѓиески од Охрид.

Comments are closed.