ПРВОЛИГАШКА КОШАРКА: КК Струмица е нов прволигаш!

ФОТО: КФСМ

Струмичани по втор пат подобри од Шкупи (104:91), а Вардар го победи Чаир 2030 (85:81), и обезбеди „мајсторка“ за место во елитата.

По пауза од неколку сезони одново ќе се игра прволигашка кошарка во Струмица. За тоа право се изборија кошаркарите на Струмица кои и во вториот натпревар од полуфиналето на Плеј-офот во Втората лига-мажи излегоа како победници против екипата на Шкупи.

И на вториот натпревар од полуфиналето, струмичани дојдоа до победата, сега и на гостински терен во салата „Шабан Трстена“ во Чаир, од (104:91) и со максимални (2-0) ја затворија серијата.

За огромно славење, има и за што, Струмица доби нов прволигаш!

Кој ќе биде вториот учесник во Првата лига-мажи во натпреварувачката сезона 2022/2023 ќе биде познато по одигрувањето на третиот, и решавачки натпревар помеѓу екипите на Вардар и Чаир 2030.

„Вардарци“ направија големо иозненадување, на свој терен го победија составот од Чаир со (85:81) што е само втор неуспех за лидерот во регуларниот дел од сезоната во второлигашката конкуренција.  

Нерешениот скор во серијата (1-1) вели дека ќе се игра т.н „мајсторка“, на 14. мај, на теренот на подобро пласираната екипа – Чаир 2030.

Comments are closed.