
Доколку попладне имате проблем со намалена концентрација и поспаност, веруваме дека ќе ве интересира што следи. Пред се, важно е да пиете доволно вода, бидејќи дехидрацијата може да биде првата причина за овие проблеми. После тоа, размислете за купување на храна која е лесна, но хранлива. Грицките и сличните активности во никој случај не се вистинското решение за глад и умор, бидејќи се полни со шеќер, кој има само моментален ефект, а остава негативни последици. Останете со нас и дознајте која храна се препорачува.
- Авокадо
Ова овошје има ниска содржина на шеќер, но и здрави масти, кои ја одржуваат ситоста. Покрај тоа, го стимулира создавањето на резерви на триптофан, кои дополнително позитивно влијаат на апетитот и расположението. Исто така, лачиме глутаминска киселина, која влијае на намаленото лачење на кортизол, хормон на стрес.
- Ф’стаци
Грст ф’стаци се одличен извор на енергија и сојузник против менталниот и физичкиот замор. Богати се со полузаситени масти, како што се Омега 3 и Омега 6, но и со веќе споменатиот триптофан. Сето ова јасно покажува дека можете да го чувате фрижидерот на растојание.
- Боровинки
Ова овошје е вкусно, но и здраво, бидејќи дава доволно антиоксиданси, како витамин Ц и флавоноиди. Редовното внесување ја подобрува циркулацијата и спречува надуеност. Важно е да се напомене дека е и одлична храна за мозокот, што значи само едно – можете да заборавите на заморот.
- Чиа семе
На крајот, неколку збора за чиа семето, кое има помалку заситени масти од пакуваните грицки. Тие ја одржуваат ситоста и енергијата со часови, поради протеините и Омега 3 масните киселини.