
Кадетите на Академија Пандев со 2:0 триумфираа на домашен терен против Кул Здравје во меч од 19. коло на Кадетската супер лига. Погодоците за „пандевци“ ги постигнаа Филип Митрев во првиот дел и Серафим Тасев во вториот дел.
Во однос на табелата Академија Пандев е трета со 35 бодови, но има натпревар помалку.
Младинците на Академија Пандев со 4:1 ја збришаа екипата на Кул Здравје во меч одигран на Општинското фудбалско игралиште во Струмица, а во рамки на 19. коло од Младинската Супер лига.
Два погодоци постигна Кире Стојанов, а по еден Адам Зимбаков и Давид Даралијовски за Академија Пандев, додека пак за Кул Здравје стрелец на единствениот гол беше Стефан Здравески.
Во однос на табелата Академија Панде е на четвртото место со 33 бодови.
Во рамки пак на 4. коло од Регионалната Југоисточна лига петлињата на Академија Пандев со убедливи 7:2 ги декласираа своите врсници од штипска Брегалница.
По три погодоци за Академија Пандев постигнаа Филип Тренов и Матеј Сејменов, а еден гол беше дело на Стефан Темелков. За гостите двата погодоци ги постигна Стефан Николов.
Во однос на табелата Академија Паднев со максимални 12 бодови е лидер на табелата.