
Висока победа (3:6) за кадетите на Беласица во мечот против СИлекс одигран на стадионот „Мусала“ во Кратово.
До убедливата победа струмичани стигнаа со трите погодоци на Михаил Петковски и по еден погодок на Ванчо Прнковски, Николчо Механџиски и Бориц Србаков. За домаќинот погодоци ги постигнаа НИкола Илиевски, Дамјан Ангеловски и Божидар Стевановски.
Денешниот меч беше во рамки на 17. коло од Втората Кадетска лига. Во однос на табелата Беласица е трета со 28 бодови.
Два часа подоцна односно во 12 часот, исто така на „Мусала“ во Кратово триумф забелажаа и младинците на Беласица од 0:2 над Силекс. Стрелци за струмичани беа Славче Митовски и Адам Коколански.
Беласица е трета на табелата со 31 освоен бод, а денешниот меч беше во рамки на 17. коло од Втората Младинска лига.