
Градоначалникот Костадин Костадинов денешното претпладне го помина на стрелиштето во селото Водоча каде што се одржа третиот турнир во стрелање Летечки мети на стрелачките клубови „Беласица Шат“ и „Рефлекс Шат“ и ловното друштво „Беласица“ од Струмица.
„Денешното претпладне го поминав на стрелиштето во селото Водоча каде што се одржа третиот турнир во стрелање Летечки мети на стрелачките клубови „Беласица Шат“ и „Рефлекс Шат“ и ловното друштво „Беласица“ од Струмица. Навистина, беше посебно задоволството да се гледаат натпреварите во којшто учествуваа поголем број стрелци од стрелачките клубови и ловните друштва во државата. Ги поддржуваме сите спортски дисциплини во коишто се постигнуваат високи резултати, го јакнат натпреварувачкиот дух и го шират пријателството“, рече Костадинов.








