Беласица на дерби пресметка против Саса, ќе им суди искусниот Ецкоски од Охрид

Утре се игра големата дерби пресметка од 23. коло на Втората фудбалска лига – Исток во Струмица меѓу двата претендети за влез во Прва лига Беласица и Каменица Саса.

Струмичани утре на Градскиот стадион во Струмица ќе важат за големи фаворити во битката за трите бодови и продолжување на победничката низа на патот кон Прва лига. Беласица има чиста мрежа од декември поточно нема примено погодок од декември минатата година што говори дека момците на Александар Стојанов играа одлична сезона и силно посакуваат експресен кам-бек во елитата.

Саса веќе во минатото коло со пенал се спаси од пораз против Пехчево на домашен терен (2:2) и со тоа направи чекор назад во борбата за врвот, а евентуален пораз во Струмица ќе значи дека „рударите“ би имале минимални шанси дури и за бараж за Прва лига.

Мечот се игра со почеток од 16:00 часот, а правдата ќе ја дели искусниот Марјан Ецкоски од Охрид.

Comments are closed.