Коциров избран за потпретседател на ОО СДСМ Струмица, Касапова за секретар

Со одлука на Претседателот на Општинската организација на СДСМ Струмица, Борче Цветков, вечерва за потпретседател на ОО на СДСМ Струмица е избран Столе Коциров кој е актуелен претседател на Локалниот клуб на СДММ.

„Почитувани сопартијци и граѓани на општина Струмица, Новоизбраниот претседател на струмичките социјалдемократи, Борче Цветков, денеска го именуваше Столе Коциров за потпретседател на Општинската организација на СДСМ Струмица. Коциров е актуелен претседател на Локалниот клуб на СДММ и во своето досегашно партиско работење е препознатлив по почитувањето на социјалдемократските принципи и идеали, вредно и чесно работење, хуманост и солидарност, обединувачки и борбен дух за уште повеќе и уште подобро, не само во партијата, туку и во заедницата. Му го честитаме изборот и му посакуваме успешна работа“, велат од ЛК СДММ Струимца.

За секретар на ОО СДСМ Струмица е избрана Ани Касапова.

„Почитувани социјалдемократи, струмичани, мои сопартијци, Вечерва со одлука на претседателот на ОО СДСМ Струмица, Борче Цветков и ИО на ОО СДСМ Струмица, сум избрана за секретар на општинската организација. Сакам јавно да се заблагодарам на укажаната доверба и да Ви ветам дека со одговорностите и предизвиците кои ги има оваа функција, со задоволство ќе се сносам, зашто СДСМ е мојата и вашата идеологија. Заедно, сплотени, како и досега ќе работиме посветено за светла иднина за партијата, но и за нас, граѓаните. СДСМ е семејството каде различностите се непостоечка категорија и затоа сигурна сум дека ќе биде носител на уште многу големи, народни победи! Да живее СДСМ, да ни е вечна Струмица“, рече Касапова.

Comments are closed.