
Кафето нè буди, ја зголемува нашата концентрација и го подига нивото на енергија кога ни е најпотребно. Сепак, ова не се единствените придобивки од пиењето на овој пијалок.
Како комплексна мешавина на активни супстанции, кафето има корисен ефект врз нашиот кардиоваскуларен и централен нервен систем, како и на дигестивниот тракт. Кафето исто така содржи соединенија кои имаат антиинфламаторно, антиоксидантно и антипролиферативно дејство, што помага да се спречат одредени форми на тумори на мозокот. Јапонско истражување, во кое учествувале дури 106.324 луѓе, покажа дека редовното консумирање кафе значително го намалува ризикот од развој на оваа сериозна болест, особено кај луѓето кои пијат повеќе од три кафиња дневно.
Истата врска е забележана помеѓу честото консумирање кафе и појавата на Паркинсонова болест. Исто така, постојат докази дека кафето ја подобрува долгорочната меморија, што е особено важно за постарите лица, кои се помалку можат да се потпрат на своите когнитивни способности. Овој популарен напиток е и ваш сојузник во борбата против дијабетесот, а познато е и дека го намалува ризикот од Алцхајмерова болест.
Севкупно, кафето е добро за вашето тело, па затоа треба да продолжите да го консумирате доколку сте негови обожаватели. Единствениот проблем со него е што може да предизвика несоница, но лесно се решава доколку ја намалите дневната доза или се воздржите од пиење кафе во период од 6 часа пред спиење.