
Црвен крст на Република Северна Македонија -Центар за безбедност на вода соогласно своите програмски активности од 03.05.2022 година стартува со организирање на Курс за спасители на затворени води.
Теоретскиот дел на курсот ќе се одржи во ДХО „Даре Џамбаз“ Скопје, а практичниот во Олимписки базен Скопје.
Заинтересираните кандидати задолжително треба да поседуваат лекарска потврда за докажување на нивната здравствена состојба (матичен лекар, спортска мед.)
Краен рок на пријавување е 02.05.2022 година
Пријавувањето на кандидатите се врши по електронски пат на маилот – sk***************@**********rg.mk