
Кадетите на Академија Пандев одиграа 2:2 против Брегалница во Штип во меч од 18. коло на Кадетската супер лига.
За Брегалница головите ги постигнаа Еди Мандак и Драган Цветанов, а пак Панче Петров беше двоен стрелец за „пандевци“ во првиот дел од мечот за водство од 0:2.
Во однос на табелата Академија Пандев е трета со 32 бодови, а пак Брегалница е на 12 место со 17 бодови.
Младинците на Академија Пандев загубија од Брегалница со убедливи 4:0 во 18. коло од Младинската супер лига.
Александар Смилков беше двоен стрелец, а по еден погодок постигнаа Бране Ангелов и Дино Михолов.
Академија Пандев е четврта со 30 бодови на табелата, а пак Брегалница е пета со 28 бодови.
Во рамки на 3. коло од Регионалната југоисточна лига петлињата на Академија Пандев славеа со убедливи 0:9 над Фудбал Старс. По два погодоци постигнаа Андреј Тимов, Иван Танчев и Филип Тренов, а по еден гол Наце Васев, Стефан Темелков и Матеј Сејменов.
Во однос на табелата Академија Пандев е осамена на врвот со максимални 9 освоени бодови.