Академија Пандев со триумф над Пелистер

ФОТО: ФК Академија Пандев

Академија Пандев конечно победи и стави крај на мини резултатската криза со триумф од 2:0 над Пелистер, во меч од 27. коло на Првата македонска фудбалска лига.

Во Струмица во првите 45 минути мрежите мируваа, откако Академија Пандев не искористи неколку сериозни шанси за погодок против Пелистер. На стартот од вториот дел Димитар Митровски од пенал во 51. минута го отвори резултатот за водство од 1:0 за „пандевци“. Во 86. минута од мечот Кристијан Велиновски постигна погодок за конечни 2:0.

Академија Пандев сега ја дели втората позиција на табелата заедно со Шкендија со по 52 освоени екипи. Екипата на Македонија ЃП е четврта со 50 бодови, а лидер е Шкупи со 65 бодови.

Во следното коло Академија Пандев ќе има тешко гостување во Тетово кај Ренова.

Comments are closed.